Трамп: Имам добар однос со Тилерсон, но не и ист став за Северна Кореја

12 October, 2017 - 10:18

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има добар однос со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, но оти немаат ист став за Северна Кореја.

Трамп на новинарите во Овалниот кабинет им изјави дека тој и Тилерсон „всушност имаат многу добар однос“, но оти имаат „малку поинаков став за Северна Кореја“.

- Се слушам, но на крајот мојот став е важен, посочи Трамп.

„Ен-Би-Си њуз“ претходно објави дека на седница со националниот тим за безбедност и претставниците од кабинетот на претседателот во Пентагон, Тилерсон отворено ги критикувал Трамп и го нарекол „дебил“.

Трамп потоа изјави дека има целосна доверба во Тилерсон и оти телевизиската мрежа  „Ен-Би-Си њуз“ ја измислила веста дека државниот секретар го нарекол „дебил“.

Веста е прочитана 451 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.