Тетовските печалбари ја помрднаа економијата

12 August, 2017 - 16:18

Печалбарите дојдени во полошко ја раздвижија економијата. Прометот во угостителските и трговските објекти е зголемен, велат продавачите. 

Тие посочуваа дека годинава за разлика од минатите година печалбарите помалку трошат. Голем дел од својот годишен одмор наместо во својот роден крај, одлучуваат да го поминат на море во некоја од соседните земји, велат трговците. 

И податоците на Агенцијата за подршка на претпријатијата ЕСА, говорат дека новите генерации на гастарбајтери помалку доаѓаат во Македонија и претежно трошат пари во дневниот промет, ретко кој од нив се одлучува да инвестира во некој бизнис. 

 Печалбарите велат дека во нивниот роден крај ги нема основните предуслови за отпочнување на бизниис. Џабир Лика од Тетово кој подолг период е на печалба во Германија поседува хотел на Попова Шапка каде како што вели нема никакви инфраструктурни услови за развој на туризмот. Кога на овој туристички центар би имало добра патна инфраструтктура, улично осветлување, паркиралишта и поголема хигиена, тогаш голем број на гастарбајтери би се одлучиле тука да инвестираат, изјави Лика. 

Статистички во повеќе рурални општини од полошкиот регион 40 % од населените е на печалба. 

Веста е прочитана 4014 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.