Телма истражува кој се е помилуван од претседателот Иванов

9 January, 2016 - 15:43

Убијци, братоубијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, лихвари. Осуденици со тешки кривични дела се најдоа на листата на  помилувани за Нова Година од претседателот Ѓорѓе Иванов. Официјалната одлука не ги содржи делата за кои се осудени, не се објавени нуту во службен весник. Но ако се пребараат имињата и презимињата на Гоогле тогаш се појавуваат десетици новинарски написи за изречени пресуди против луѓе со исто име и презиме и за кое дело. Така на пример во листата на целосно ослободени се наоѓа име на човек кој според интернет архивите е чувар на училиште во Дебарт кој убил еден човек а еден тешко повредил.

Исто така може да се најде и името на помилуван кој бил осуден во случајот со убиството на Михајло Чавревски, момчето кое беше убиено од дргарите па фрлено кај Козјак.  Меѓу целосно ослободените е и српски државјанин чие име и презиме и место на живеење со совпаѓаат со возачот од Ниш што ја предизвика сообраќајката кај Демир Капија во која загина осум месечно бебе и неговиот чичко. Дел од целосно помилуваните е и обвинет во случајот Агент заедно со екс разузнавачот Слободан Богоевски. Телма се обиде да контактира со дел од овие луѓе но тие се недостапни. Затвореници од Идризово, преку Фејзбук тврдат дека  претседателот помилувал и силувачи и поради тоа бараат листата да се објават и делата.

За педофилија се помилувани Перо, Стојан, Сулеман, Мустафа и други кои се наоѓаат во Идризово. Поради заштита на осудениците не ги објавуваме целосните имиња, а власта е онаа која треба да ги објави.

На ова реагираа од кабинетот на претседателот Иванов од каде ги демантираат тврдењата на затворениците. Велат дека претседателот не помилувал педофили и силувачи, бидејќи секакво законот не го дозволува тоа.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најодговорно тврди дека во листата на помилувани нема помилувани за дела за педофилија. Впрочем, за тоа не постои законска можност. Таквите тврдења единствено се граничат со разумното.

И покрај настојувањето да  листата со дела за кои се помилувани, не успеавме да ги добиеме, оти не сме ја побарале пред да го објавиме истражувањето.

Инаку според законот за помилување не смее да се даде на луѓе осудени за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и морал сторени спрема деца и малолетни лица, против здравјето на луѓето и производство и продажба на дрога. И активистката Мери Николова која во собраниет пред неколку месеци го поднесе законот за целосна амнестија бара да се објават делата, за да се види дали Иванов го прекршил законот за помилување.

Пратеникот Павле Трајанов чиј предлог за делумна амнестија беше одбиен вели дека помилувањето е селективно и по желба на политичките партии.

Инаку власта во македонското собрани ги отфрли и двата предлози за амнестија на осуденици токму со образложение дека на слобода ќе шетаат луѓе кои сториле тешки кривични дела. Анализа на тоа кој се сега добил помилување е неопходна тврдат познавачите. Интересно е што годинава во споредба со претходните бројот на помилувани затвореници е најголем, дури 174. Предлозите за помилување ги дава комисијата за помилување со која претседава василка Јуруковска, додека меѓу членовите се наоѓаат и имињата на обвинителот Марко Зврлевски, поранешната пратеничка Благородна Дулиќ, и екс претседателот на судскиот совет Беќир Исени. Сепак Иванов има право да го измени нивниот предлог.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 59 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.