Телеком на новите директори ќе им дава повисоки надоместоци

21 April, 2017 - 13:57

Членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком ќе добиваат поголеми надоместоци.

Според предлогот на Каменимост, до кој дојде Телма, а кој треба да биде изгласан на годишното Собрание во понеделник, новиот надоместок на претседателот на Одборот на директори ќе изнесува 248.000 денари или 4.032 евра месечно, што е зголемување за 2.000 евра, новиот надоместок на заменик претседателот ќе достига 186.000 денари или 3.024 евра или 1.500 евра повеќе а надоместокот за другите неизвршни и независни членови се предлага да биде 74.400 денари или 1.209 евра.

Според барањето на мнозинскиот акционер оваа одлука ќе се применува од 1 мај 2017 година .На истото собрание треба да се изберат новите членови на Одборот на директори на друштвото Павел Хадрболец и Андреас Елснер со мандат од 4 години  кои доаѓаат на местото на Валтер Голдениц и Атила Кесег.

Веста е прочитана 2059 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.