Текстилците дел од платата ја добиваат на рака

20 March, 2017 - 16:15

Три месеци наназад неколку текстилни компании од источна Македонија на своите работници дел од платата им ја исплаќале на сметка, а останатиот дел на рака посочија на денешната прес конференција од здружението „Текстилец“ од Штип. Не ги откриваат компаниите, кои на овој начин плаќаат помали придонеси за работниците, но и помалку даноци за државата. Но како доказ ги приложија пликоата на кои се гледа дека платите се помали и од загарнтираната минимална плата.

Претставниците на здружението „Текстилец“ забележуваат дека ова е кршење на работнички права, а за што надлежните инспекции треба да излезат на терен. Апелираат текстилните работници да бидат похрабри и да ги пријавуваат ваквите случаи.

Здружението им се нуди дека ќе им помогне, а целата постапка понатаму ќе се одвива заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права. Бараат и заедничка дебата со Текстилниот кластер и Организацијата на работодавачи, за да се утврдат реалните состојби во текстилната индустрија, но и како да им се помогне на работниците.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 4807 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.