Светска Банка незадоволна од реализацијата на проектите

13 July, 2017 - 18:40

Светска Банка е незадоволна од начинот и динамиката на спроведување на проектите што ги договорила со претходната  влада, а главно се однесуваат на инфраструктура  и автопатна мрежа. На средбата на самитот во Трст, нивните претставници упатиле остри забелешки за резултатите на ова поле кои според нив  се далеку од задоволителни. Најавиле можност за поддршка на извозно ориентираните македонски фирми за развој на нови технологии.

По средбите со Светска Банка и самитот во Трст, земјава очекува целосно одболокирање на изградбата на патната инфраструктура. ЕУ го препозна реформскиот дух на новата Влада, рече Анѓушев  и од вкупно 194 милиони евра за развој на инфраструктурата во земјите од Западен Балкан,на Македонија и додели грант од  70 милиони евра. Парите се непровратни и се наменети за доизградба на пругата до Бугарија а останатите средства ќе се бараат од други меѓународни финансиски институции како ЕБОР и од домашниот буџет

На средба со првиот човек на Европската енергетска заедница јанез Копач било договорено како да се спроведе ветеното враќање на евтината тарифа на струјата за сите граѓани, а Македонија да ги исполни сите услови што ги бара енергетската заедница. Анѓушев објасни дека долго најавуваниот тендер за регионална гасификација е поништен бидејки пристигнала само една понуда.

Премиерите на земјите од Западен Балкан, вчера потпишаа договор за Транспортна заедница што ќе овозможи нивно поврзување преку сите коридори во регионот и ќе биде имплементиран во фази. Покрај проектите во транспортот и инфраструктурата во Западен Балкан, ЕУ ќе вложи 1 милијарда евра во проекти во уште три сектори.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 2829 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.