Судот во Велес ќе одлучува за стечајот на Фени

12 November, 2017 - 16:09

Судот во Велес утре ќе одлучува за отворањето на стечајна постапка за Фени индустри.

Привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски изјави дека Фени индустри има добар бизнис потенцијал, а отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот.

Според него на тој начин ќе се спречи на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање, порача Анастасиевски.

„Од направените анализи се препознава компанија која е западната во тешка финансиска состојба како резултат на слабо менаџирање и лоши деловни одлуки“, изјави Анастасиевски.

А вработени од Фени индустри, кои се против отворањето на стечајна постапка, неколку пати организираа блокираа на патот Градско – Прилеп – Велес. Владата смета дека за два месеца Фени повторно ќе се рерстартира и ќе нема отпуштања.

Веста е прочитана 675 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.