Судот го замрзна имотот на Сеад Кочан

10 May, 2017 - 21:58

Судот на барање на Специјалното јавно обвинителство попладнево го замрзна имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот на СЈО, „Труст“. Инфромацијата за Телма ја потврдија високи извори од СЈО. Решението опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот на Кочан и на неговите фирми.

Кочан е во бегство откако за него беше  донешено решение за притвор откако беше осомничен дека за тендер на ЕЛЕМ  во 2011 година доставил фалсификувани документи и на тој начин заедно со „Силекс неметали СТ“ и „Вато“, незаконски наплатиле 17,2 милиони евра. По Кочан е распишана потерница. 

 

Веста е прочитана 5726 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.