Судиите од Кривичниот суд се сретнаа со експертската група на Прибе

17 July, 2017 - 17:27

Судиите на Кривичниот суд денеска одржаа средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе. На средбата, како што соопштија од Судот, било истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015-та година се основа за реформите во судството.

Како што е наведено во соопштението, судиите ја истакнале потребата од нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии ...

Воедно судиите посочиле дека ги поддржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.

- Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Веста е прочитана 1816 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.