Судиите не се грижат за јавниот интерес

18 December, 2015 - 15:02

Дали имаме потреба од јавен обвенител? Дозволивме проблемите да ни ги решава Специјално јавно обвинителство, е дилемата на поранешниот обвинител Јован Трпеновски . На дебата за судовите како чувари на јавниот интерес или поединечни интереси Трпеновски со став дека најголем предизвик на Специјалниот обвинител е да покаже дека граѓаните се еднакви пред Уставот и законите. Според поранешниот обвинител и адвокат работата на специјалното обвинителство не треба да се сфати како контрола над власта.

Дека работата на судиите е поврзана со јавниот интерес дебатираше и поранешниот судија во стразбур Маргарита Цаца Николовска. Самиот избор на судиите претпоставува квалитет. За неа судиите тешко може да ги сочуваат интегритетот.

На дебатата Јадранка Костова шпреку примерот на тужбата за неделникот Фокус од Сашо Мијалков, го опиша начинот на кој постапуваат судиите кои треба да се грижат за јавниот интерес. Во пресудите кои неделникот ги изгуби судиите напишале дека темите не биле од јавен интерес кога се истражувало за рабоата на јавните функционери.

Денешната дебата е дел од проектот Изразување на јавниот интерес заголемување на моќта на медиумите и граѓаните во ширењето на јавните политики на Мкаедонија. Целта е подиагње на свеста на граѓаните у едукација на медиумските професионалци за значењето на јавниот интерес. 

Кристина Мачкиќ

Веста е прочитана 299 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.