ССМ: Поранешниот претседател Живко Митревски трошел повеќе од премиерот на државата

16 August, 2017 - 16:29

Имал стан во Скопје, а Сојузот на синдикати му плаќал 300 евра за домување. Трошел и на чистачка, комуналии, имал два претплатени телефони, животно се осигурал, а го возеле двајца возачи со два автомобили, едниот во родната Битола, едниот низ Скопје. Вака живеел и работел доскорешниот прв сидникалец Живко Митревски. Со доаѓањето пред 7 години на позицијата си изготвил менаџерски договор, а го потишал секретарот на Сојзуот. За ова Митревски ќе заработи кривична пријава, бидејќи, според новото раководство имал огормни месечни примања и немал потреба од луксуз на сметка на работниците.

2015 година Митревски изготвил и ставил на гласање пред претседателството и документ со кој после неговата смена тој да добива паричен надоместок и да биде ангажиран за потребите на Сојузот на синдикати.

Митревски кои доаѓа од Синдикатот на шумарство преку своите сорабтници пробал да ги извлече документите со кои се покажува и докажува неговото раководење, посочи Димовски.

Превирањето во Сојузот на синдикати запира по два дена од влезот на новото раководство во зградата и синдикалните здруженија кои го поддржаа, а беа исклучени од Митревски. Се уште се чешла докуемнатација, и се проверува списокот на работи. Оттаму велат дека буџетот засега е во добра кондиција за да ги покрие основните трошоци, но во најкус можен рок ќе се ангажира ревизорска куќа за да се провери трошењето на претходното раководство.

Павле Беловски

Веста е прочитана 10263 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.