ССМ не избра нов лидер

11 November, 2017 - 17:34

На денешниот вонреден конгрес што поладнево се одржа во Охрид Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не избра нов лидер.

По завршувањето на протоколарниот дел од седницата според најавениот дневен ред, требаше да се пристапи кон избор на ново раководство на Синдикатот, но поради незадоволство кај дел од делегатите и бурни забелешки бидејќи за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, Конгресот беше прекинат и воопшто не се пристапи кон изјаснување на делегатите.

Според најавите, Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

На Конгресот во Охрид што се одржуваше зад затворени врати, беа присутни 93 од вкупно 113 - те делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ.

Единствен кандидат за лидрската позиција на ССМ на Конгресот беше актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

Веста е прочитана 303 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.