Средното медициснко училиште во Битола во безизлезна состојба

2 December, 2017 - 16:06

Рунирани кабинети и училници, уништен инвентар и нагледни средства, огромни долгови и блокирана сметка. Вака новото раководство пред една недела го наследи средното медицинско училиште во Битола, од претходната директорка која инаку е една од обвинетите во случајот „Транспортер“ на СЈО. Најголем дел од долгот е за училшен превоз, а училштето е тужено од фирмите превозници. Исто така, со години не се платени сметките за комуналии, а нема пари ниту за основни средства.

„Сметката е блокира веќе 7 години и токму поради тоа немаме основни услови за работа. Сето тоа се должи на тоа што долгот на училиштетот е 35 милиони денари или 570 илајди евра, со што ни се оневозможени секакви активности“, изјави Билјана Кокалевска,в.д.  директор на средно медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“ - Битола.

На влезната врата, скршен прозорец е закрпен со верски календар, вратите од училниците се извадени, искршени или немаат брави. На среде училници има дупки на подот, а  демолирани клупи, столчиња и остатоци од компјутерите има  насекаде низ училиштетот, во кое    се шири непријатна миризба, затоа што тоалетите од погорните спратови протекуваат по ѕидовите.  Системот за парно греење не работи. Ниту учениците ниту наставниците досега не биле казнувани за уништувањето и демолирањето на ова некогаш елитно училиште, иако насекаде се поставени камери.

„Вложуваме натчовечки напори сетоа тоа да го санираме. Уште на првиот ден кога ја презедовме должноста се соочивме со тотален колапс на системот за греење. Екипи веќе цела недела работат да го санираат тој проблем. Но, тоа не е се, има уште многу други работи што треба да се направат. Најитно беше да се среди системот за греење и вратите за да се овозможат услови за работа во зимата која доаѓа“, изјави Кокалевска.

Новата директорката вели дека ќе побара ревизија за работењето на претходното раководство. Ги повикаа надлежните, јавните институции и приватните компании да помогнат да се санираат штетите за да може да се одвива во нормални услови наставата за 940 ученици во средното медицинско училиште во Битола. 

Емилија Мисирлиевска

Веста е прочитана 7644 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.