Средношколци: Не можете веќе да не манипулирате

19 March, 2015 - 15:44

 

На протесниот марш имаше средношколци од речиси сите гимназии. На патот од градскиот парк до министерството за образование постојано им се приклучуваа нови. Не ви се плашиме бидејќи покажавме дека не сме една една под појавите на вашата цел- нација на медиокритети,  порачаа учениците.

Баталете ги политичките партии. Ние сме вашата закана, од нас треба да се плашите, вие што ја изневеривте нашата доверба, на сите нас кои безрезервно ги оставија личностите во ваши раце. Не ви е срам што деца три пати помлади од вас на вашата инфатилност одговорија со ваква зрелост, рече средношколката Евгенија Јанакиевска

Со овој марш сакаме да ви покажеме дека не можете лесно да не манипулирате и изигрувате, рекоа средношколците . Според нив крајно време е да се престане со сите реформи , меѓу кои последните, најспорни за нив- ектерното оценување и новиот концепт на државната матура. Ваквите реформи, рекоа, очигледно дека не вродуваат со плод

Средношколците ги подржаа и дел од наставниците но и родителите. Категорични се дека математиката не треба да биде меѓу задолжителните предмети од државната матура

Моето дете е на насока која не е поврзана со математиката. Зошто евентуалната слаба оценка да му влијае врз вкупниот просек, праша една мајка

Меѓу средношколците  беа и претставници на студентскиот  пленум кои реагираа поради притисоците  врз учениците од страна на некои од директорите. Според нивните сознанија , некои  од матурантите биле уценети, а во одредени училишта вратите биле заклучени за сите кои сакале да одат на протест.

 

Средношколците побараа средба со претстваници на министерството за образование. Им беше  соопштено дека ќе им биде одговорено најскоро што може. Дали и какви ќе бидат следните чекори на гимназијалците наскоро ќе обелоденат.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 100 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.