Средба со Чарлс Симиќ, лауреатот на Струшките вечери на поезијата

28 August, 2017 - 16:56

Живееме во време во кои доминираат извртени толкувања на сето она што подразбира демократија, морал и етика. Затоа улогата на поетот и на секоја индивидуа е да потсети на вистинските вредности на кои забораваме во ова хаотично време во кое повторно се раѓа расизмот и национализмот, вели Чарлс Симиќ. 

„Демократијата како што можете да видите во некои европски земји не е повеќе во мода, па дури ни во Америка не е многу во мода. Републиканската партија троши многу пари за да оневозможи поголем број гласачи да не можат повеќе да гласаат. Ние всушност повеќе немаме демократија, туку олигархија, изборите се на некој начин слободни, но под притисок на сите тие нешта кои се случуваат во Америка“, оценува Симиќ.

Размислувајќи за Балканот секогаш го имам чувството дека има многу лекции кои сеуште не успеавме да ги совладаме, во овој случај најсимптоматично е кога станува збор за селективната меморија, вели Симиќ.

„На Балканот сите добро се сеќаваат што некој друг им направил, некој комшија што им направил или историски што се случувало, а никогаш не можат да запомнат што самите направиле. И тоа навистина збунува како  треба некој да ги потсети што направиле низ историјата“, вели тој.

Делата на Чарлс Симиќ се преведени на повеќе светски јазици. За своето богато и разнолико книжевно творештво тој е добтник на бројни награди и признанија меѓу кои се „Пулицеровата награда“, меѓународната награда за поезија Грифин, наградата на Американската академија, медалот „Роберт Фрост“ за животно дело во доменот на поезијата, наградата на српскиот ПЕН центар за превод на српската литература и многу други.

Нина Стефанова

Веста е прочитана 1712 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.