Спасовски не добил покана од обвинителството

20 March, 2017 - 16:05

Од скопското обвинителство велат дека испратиле покана, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски вели дека покана до него не стигнала. Вториот распит во истрагата на скопското обвинителство за наводни незаконитости во финансирањето на последната изборна кампања на СДСМ не се одржа. И Спасовски и неговите адвокати тврдат дека покана за распит не стигнала.

Од обвинителството соопштија дека повикани се вкупно три лица, Заев кој минатиот петок беше на распит, Спасовски и уште еден вработен во СДСМ за кого утре му е закажан распит.

На распитот на Заев му биле предочени индиции поради кои е отворена постапката, а во среда лидерот на СДСМ е повикан повторно за да му бидат предочени докази поради кои е отворена постапката. Заев тогаш изјави дека секогаш кога СЈО ќе отвори постапка или истрага, државното обвинителство го повикува него и му отвора постапка.

елма на 10 февруари објави дека обвинителството отпочнало предистражна постапка  и во рамките на таа постапка повикале превозници, членови на партијата и донатори за да проверат информации по допрен глас дека кампањата на СДСМ била нелегално финасисрана.

Обвинителството се сомнева во употреба на недозволени средства во кампањата и во лажни финансиски извештаи, а допрениот глас се написи во медиуми. Скопското обвинителство и обвинителството за организиран криминал отворија неколку постапки за СДСМ во изминатите два месеци, истовремено кога СЈО почна да ја финишира својата истрага за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и истрагата „Титаник“ за изборни нерегуларности со фиктивни гласачи.

Миомир Серафиновиќ 

Веста е прочитана 2193 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.