Состанок на работните групи, Ванхауте не е оптимист

21 January, 2016 - 18:52

Започна средбата на работните групи на политичките партии во Клубот на пратениците. Белгискиот експерт Питер Ванхауте единствен даде изјава пред почетокот на средбата, но вели дека не е оптимист, бидејќи не е постигната едногласност околу датумот на изборите.

-Главна пречка е унилатералната одлука да се оди на избори, како резултат на тоа целосно се изгуби довербата во процесот. Повеќе нема чувство дека партиите сакаат заедно да работат и заеднички да се обидат да ги постигнат целите. Тоа е главната пречка со која се соочуваме во моментов.

На вечерашниов состанок, методологијата за пречистување на Избирачкиот список е главната тема.

 

Веста е прочитана 1456 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.