Со полициски специјалци на закројување лозје

14 February, 2017 - 15:40

Ако немате билет враќајте се назад постојано викаше полицаецеот. Со полна опрема без оружје, но со пендреци мораа да интервенираат и полициски специјалци на железничката станица Скопје, откако толпа граѓани се обидуваше без ред да качи на бесплатниот воз за Демир Капија и да ги однесе на закројување лозје.

Нервозата дојде откако повеќето немаа карти, а разбраа дека прво треба да си обезбдат бесплатен билет. Половина од стотината граѓании место на кроење и музика остана во Скопје, оние кои стасаа во Демир Капија веднаш ја опколија шведската маса, и повторно турканици.

Најадени и пивнати, лозјето искроено, присутните на централаната маса се фатија на оро. „Туѓа си бескрајно“  ја изгира и европскиот амбсадор, Самуел Жбогар.

Но, оние кои возеа за Демир Капија најмалку се израдуваа на одлуката на Ј.П. „Македонски железници“ да испраќа бесплатен воз за манисфестација и пропаганда.  Машиновозачите велат, додека едни граѓани одат на забава, за други доцнат редовните линии,.

Обвинија дека целиот железнички транспорт се одвива со едвај 5 локомотиви кои ,пак, прехрануваат повеќе од 1000 семјества.

На граѓаните кои заминаа за Демир Капија, органзиаторите на мнисфестација по повод празникот Св. Трифун им е соопштено ако не ги собере во новиот електричен воз, да го почекаат редовниот возоф Гевгелија во 17 часот попладне, што, пак предизика уште поголем револт кај вработените во железници кои неколкупати штрајкуваат заради доцнење на плати, придонеси и надоместоци од страна на раководството. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 26097 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.