Вести Свет Топ вести

Снежно невреме во САД и Канада: Најмалку 38 загинати, температурите во Монтана и до -45 степени

Најмалку 38 лица настрадаа во силната зимска бура што ги погоди САД и Канада. Според официјални податоци, 34 лица загинале ширум САД, а најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк каде се пријавени 12 смртни случаи. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте при движење на замрзнат коловоз во западната провинција Британска Колумбија.

Силна зимска бура го зафати североамериканскиот контитнет, од Канада на север до Рио Гранде на југ. Синоптичарите очекуват невремето да попушти во наредните неколку дена, но останува советот да се избегнува патување доколку не е апсолутно неопходно.

Илјадници летови беа откажани, спречувајќи многу луѓе да стигнат до своите семејства за Божиќ. Најголем број жртви поради снежното невреме има во Бафало – дванаесет, а загинати има и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.

Најпогодена со невремето е западната американска држава Монтана, каде температурата се спушти и до -45 степени Целзиусови. Во Канада, невремето најмногу ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе