СКСЗМ незадоволна од 100 дена влада

11 September, 2017 - 18:17

Мерките за субвенционирање на земјоделието и проектот Гаранција за млади се незадоволителни и сеопфатни,немаат јасна цел ниту за нив е направена анализа на трошоците велат од комората на северозападна македонија откаде изразија сомнеж во ефектот од мерките со кои треба да се намали сиромаштијата.Тие ја поддржуваат мерката за зголемување на минималната плата но бараат да се редефинира концептот за привлекување странски инвестиции, да се деполитизираат институциите , да се минимизира неефикасната администрација и да се развие стратегија за економијата, за да се зголеми домашната понуда, извозот и вработувањата. 

- Мерката за субвенциониран одмор не е економска, туку е неразвојна.Мерките се многу краткорочни, и не се најдобра опција за економијата, вели Неби Хоџа од Комора на Северо-западна Македонија.

Во однос на повратот на ДДВ стопанствениците се задоволни од променетиот принцип кој според нив сега е неселективен но нема велат тие поместување во однос на натрупаните долговите што кон нив ги имаат институциите и локалната власт.На средбата што пред два месеца ја имаа со економсиот тим на владата  комората побара измени во законот за извршување за побрза наплата на долговите и примена на законот за банкрот и за државните институции

- Долговите се непроменети, владата не е спремна енергично да го реши проблемот како што бараме, и треба време да се припреми, смета бизнисменот Џемаил Даути. 

Со економски раст од 1,8% под нулата измерен во вториот квартал од годинава,стопанствениците очекуваат дека годинава тој ќе се  движи мегу 0,7 и 1 % што е далеку под очекуваните 2,2 %. 

 

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 714 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.