Скопје 2014 се гради и во 2015, но и се распаѓа

27 July, 2015 - 18:46

Фонтана која не работи, фасади од стиропор, мост кој распукува, ограда која рѓосува, објекти кои се дават во вода.

Ова се само дел од аномалиите на контроверзниот проект Скопје 2014 а кои во изминатиов период се тема на критика на јавноста и дел од познавачите. Архитектите не сакаат да коментираат колкав ќе биде рокот на траење на објектите, фасадите и останатите елементи, но велат очигледно е дека е градено набрзина и неквалитетно.

Истражувањето на новинарите од БИРН, Скопје 2014 под лупа открива многу детали околу изградбата и договорите на државата со фирми и луѓе.


Според документацијата на БИРН најмногу од грандиозниот проект профитирала градежната фирма Бетон. Од креaторите на идејните решенија пак авторката Валентина Стевановска. Ова се податоци добиени од институциите, но не се крајни.

2015 е но, Скопје 2014 се уште се гради. Дел од спомениците и скулптурите секојдневно добиваат нови локации.

До сега достигна сума на потрошени 560 милиони евра, 7 пати повеќе од предвиденото. Надграден и проширен е за стотина споменици повеќе од првично најавените.

Билјана Николовска

 

Веста е прочитана 520 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.