Сириските бунтовници се повлекуваат од Хомс

18 March, 2017 - 16:22

Стотина сириски бунтовници заедно со своите семејства почнаа да се повлекуваат од сиријскиот град Хомс, како дел од договорот за повлекување. Бунтовниците ги превезуваат владини автобуси, а тие со себе носат пушки, додека на излезот од градот ги претресува сириската и руската воена полиција. За време на евакуацијата имало три медицински интервенции. Евакуацијата е третата фаза од договорот постигнат минатата година,  а предвидува бунтовниците да ја напуштат оваа област. По тоа, владата ќе ја има целосната контрола врз градот Хомс, кој е трет по големина во Сирија, а беше епицентар на бунтот против претседателот Башар Ал Асад. 

Веста е прочитана 1045 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.