Синдикатот на ЕМО Охрид бара измени во Законот за обештетување на стечајците

5 August, 2017 - 16:30

Синдикатот на ЕМО Охрид бара измени во Законот за обештетување на стечајците кој е во собраниска процедура, со цел да се опфатат и преостанатите работници од компанијата, бидејќи стечајната постапка во најголемиот дел од доелите во некогашниот стопански гигант е отворена во април оваа година, а законот се однесува на периодот од 01.01.1995 година до 31.12.2016 година.

-Да биде поместен овој датум наместо 31.2016 да биде 31.05.2017, со што ќе бидат опфатени и овие неколку преостанати работници од ЕМО и тие да можат да го добиваат предвидениот надоместок од владата од 7.965 денари“, изјави Миле Крстаноски од синдикатот на ЕМО.

Се проценува дека со новиот закон ќе бидат опфатени околу 3.000 стечајни работници од компаниите загубари во државна сопственост. На дел од вработените во охридски ЕМО статусот им е веќе решен или се преземени од други државни компании, а остануваат само уште околу 50 работници со нерешен статус, бројка која според синдикатот нема значително да го оптовари буџетот на државата доколку биде прифатен предлогот кој тие го упатиле до пратениците за промена на периодот на кој се однесува законот за не повеќе од 5-6 месеци.

Горан Момироски

Веста е прочитана 1202 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.