Синдикатите најавуваат големи протести за Денот на трудот

20 April, 2017 - 16:16

Четири големи синдикати во земјава повикуваат на големо обединување на синдикалните и работничките сили и најавуваат големи протести за Меѓународниот ден на трудот, Први мај. За ССМ не очекуваат дека ќе организира протести, бидејќи, како што сметаат, Живко Митревски тоа би го направил само ако тоа од него некој го нарача. 

Синдикалците тврдат дека социјалниот дијалог во земјава постои само на хартија, како и дека тој е целосно умртвен, а синдикатот, исто како и државата, е заробен од работодавачите.

Четирите големи синдикати, на работниците од правосудтвото, услугите и комуналните претпријатија, Агросиндикатот, како и на вработените од Индустријата и рударството, кои беа исклучени од Сојузот на синдикатите на Македонија на чело со Живко Митревски, ќе се жалат до Меѓународната организација на трудот, за нарушување на правото на слободно синдикално здружување.

Од Фондацијата сметаат дека овие 4 синдикати ја запазиле потребната постапка за избор на в.д. претседател на ССМ, иако таа е оспорена од Живко Митревски.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1847 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.