Син до смрт го избодел својот татко во Црниче

7 September, 2017 - 11:23

Крвава семејна драма се случувала синоќа во скопско Црниче на улицата Чедомир Кантарџиев, кога син со нож го убил својот татко.

Во полицијата случајот бил пријавен во 22.15 часот . Се јавила сосетка да каже дека нејзините соседи се тепаат и бараат помош, а сведок на убиството била сопругата на жртвата. Таа изјавила дека била во дневната соба со сопругот кога дошол синот и ја скршил влезната врата, влегол и ја избркал, по што почнал да се расправа со татка си и да го влече. Го избодел до смрт и избегал.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, го нашле по убиениот Љ.Т. (68) на прагот од дневната соба, а лекарите од Итната медицинска помош само ја констатирале смртта.

Синот, подоцна отишол во Ургентниот центар да побара лекарска помош бидејќи имал расекотина на десната рака, од каде бил приведен и однесен во полициската станица Кисела Вода.

За што се расправале и која била причината за убиството се уште се утврдува, а телото на убиениот е предадено на обдукција во Судска медицина. 

Од полицијата не соопштуваат повеќе информации, но неофицијално, жртвата е поранешен претседател на општинските организации на една политичка партија.

Веста е прочитана 6352 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.