Вести Свет

Силен земјотрес во Мексико, луѓето во паника излегоа на улиците

Силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди Мексико токму на денот кога земјата одбележуваше годишнина од разорните земјотреси од 1985 и 2017 година.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на брегот на Пацификот по што властите во земјата издадоа предупредување од можно цунами.

Според првичните информации едно лице загинало откако врз него се урнал потпорен ѕид во трговски центар, а голем број се повредени.

Интересно е тоа што овој потрес се случува на истиот ден со разорните потреси кои го погодија Мексико во 1985 и 2017 година и по нецел час од огласувањето на алармот за земјотрес кој беше пуштен како потсетник на претходните два разорни земјотреси.

Во земјотресот од 1985 година во Мексико загинаа илјадници луѓе, а повеќе од 350 лица го загубија животот во 2017 година.

Погледнете дел од атмосферата таму.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе