Си Ен Ен отпушти коментатор поради нацистички поздрав

11 August, 2017 - 13:30

 Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен му даде отказ на коментаторот Џефри Лорд, познат по своите конзервативни ставови, откако на социјалната мрежа Твитер на еден критичар му одговори постирајќи нацистички поздрав.

Лорд постави твит со нацистичкиот слоган „Зиг Хајл“ како одговор на директорот на либералната заговарачка група Медиумите и значат на Америка.

- Коментаторот не работи веќе за Си-Ен Ен. Нацистичките поздрави и коменатри не може да се оправдаат, наведе портпаролот на телевизијата.

Во интервју за американски медиуми Лорд рече дека го почитува Си-Ен-Ен и неговите новинари, но не се согласува со одлуката бидејќи неговиот твит не е афирмација на нацизмот туку намера да се исмее заговарачката група и нивната тактика на бојкот во пренесување на конзервативни мислења.

Веста е прочитана 539 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.