Вести Македонија Најважни

Штрајкот на СОНК продолжува во училиштата, а во градинките ставен во мирување

Штрајкот на СОНК продолжува во основните и средните училишта, а градинките во интерес на прифаќањето на децата се враќаат на нормално работење. Ова е епилогот од денешното 3 часовно заседавање на Советот на СОНК, на кое беа сондирани повеќе предлози oд Владата, меѓу кои и зголемувањето на платите за 12%, од бараните 18, 4%. Во изјаснувањето биле вклучени 480 синдикални организации.

388 беа за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 беа за прекинување на штрајкот. Најголем дел од тие што се изјаснија за прекинување на штрајкот се синдикалните организации од детската заштита, а без исклучок огромниот број за продолжување на штрајкот се колеги и колешки, вработени во основното и средното образование, изјави претседателот на сонк јаким неделков.

Штрајкот во училиштата продолжува до изнаоѓање заедничко прифатливо решение. Советот на Синдикатот одлучи да излезат на голем протест на 4 мај пред владата. Претседателот на  СОНК жали за прекинот на наставата во училиштата. Уверен е дека пропуштеното ќе се надомести, но бара од Владата од сега да се договорат за подигање на социјалниот статус на наставниците и професорите за оваа и следните две години и да се потпишат колективните договори.

Апелирам до владата , до МОН, конкретно сега да имаат разбирање што нашите членови бараат од нив. И тоа не е сигурно од незнам какви побуди. Навистина е од социјален карактер, нивното, нашето барање, порача Неделков.

На  одлукта на СОНК да продолжи штрајкот во училиштата претходеше доаѓање на околу 300 негови членови пред седиштето на Синдикатот на пладне, кои изразија незадоволство од понудените 12% за зголемување на платите и можен прекин на штрајкот.

Покрај зголемување на платите со ребалансот на буџетот, Владата вчера на СОНК му понуди и исплата на додатоци на плати и дневници за периодот додека се штрајкува, согласно законски одредби и Колективниот договор. А се разговараше и за изработка на нови колективни договори со кои ќе се уреди статусот на приправниците во градинките,  на наставниците да им бидат исплатени патни трошоци, а со новиот Општ колективен договор и регулирање на исплатата на регрес за годишни одмори.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе