Шилегов: Обиената врата е политичка порака до мене

8 January, 2016 - 16:32

Силниот звук од ударите по вратата и плочките ги вознемирил соседите во зградата во Аеродром каде се наоѓа адвокатската канцеларија на Петре Шилегов.

Половина час после полноќ излегле да видат што се случува по што насилникот избегал. Пратеникот и порптапрол на СДСМ кој денес не беше во Скопје не верува дека се работи за обична кражба, туку за политичка порака за него.

Големата бучава која ја предизвикал насилникот и таблата со натпис дека се работи за адвокатска канцеларија се индиции за Шилегов дека некој се обидува да го замолчи. Вели дека крадец не би влегол во адвокатска канцеларија. Ја отфрла можноста дека некој можеби се обидел да најде дел од прислушкуваните разговори, кои СДСМ долго време не ги даваше кај специјалната обвинителка под изговор дека се небезбедни.

Инаку веднаш ја повикал полицијата и од таму денеска информираат дека го евидентирале настанот. Дали се работи за обид за кражба не откриваат оти истрагата се уште трае. Според МВР со тврд предмет било удирано по вратата од канцеларијата. Шилегов пак очекува брза и ефикасна истрага.

Билјана Николовска

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.