Шилегов го повика Трајановски на дебата

12 October, 2017 - 16:11

Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, го прекина обраќањето на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, на потпишувањето на платформата за почист воздух и го повика на дебата.

„Да излеземе на дуел, ве поканувам да не бидете арогантни и да излеземе поред јавноста, заедно со другите кандидати“, му рече Шилегов на Трајановски.

Видео-снимката ја објави Шилегов на својот профил на фејсбук и напиша:

„Коце повторно не сака да се соочи со мене, го повикав денеска во 16 часот на снимање дебата меѓу кандидатите за Зкопје. Денеска, во „Топ тема на Ваша страна“, треба да се соочат кандидатите за градоначалници на Скопје.“

Настанот се случи, додека Трајановски даваше изјава на потпишувањето на „Платформата за чист воздух“. 

Веста е прочитана 3919 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.