Шестмина повредени во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“

12 February, 2017 - 16:23

Жена со тешка повреда на вратен пршлен заврши на Траума по сообраќајката која рано утрината се случила на булеварот Партизански одреди. Со сериозни повреди во делот на очите во ургентниот центар бил донеден и маж, кој веднаш бил префрлен на Очната клиника.

Во судирот меѓу 4-ри автомобили повредени се вкупно шестмина.  Дел  лекарска помош добиле  во Градската болница и во хирушкиот центар Св Наум Охридски.

Сообраќајката најверојатно ја предизвикало возило кое со огромна брзина се движело по булеварот. Возачот поминал на црвено и директно удрил во автомобил кој се движел во спротивен правец. Се судриле Фиат Линеа, Ауди А6, Мерцедес и Опел Астра. Три од возилата се со скопски регистарски таблички, а едно со струшки.

Денеска семафорот на кој се случи тешката сообраќајка не работи. Сообраќајот се одвива отежнато.

Сообраќајните незгоди, станаа скопско секојдневие. Речиси и да нема полициски билтен без сообраќајка. Често се случуваат и по неколку во едно деноноќие. Брзото возење е меѓу главните причини за ваквите статистики.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 7898 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.