Шеснаесетто продолжение на Конститутивната седница

21 April, 2017 - 19:10

Наскоро Собранието ќе биде деблокирано и ќе се избере нов претседател и нова Влада, изјави пратеникот Енес Ибрахим, без да соопшти детали како ќе се деблокира Собранието кое 16 работни дена тапка во место по истата точка и не може да избере Комисија за избори и именувања.

СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ  намерно ги блокира институциите за да не дозволи трансфер на власта, а не води сметка за интересите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека избегнува дебата за да не се зборува за таканаречената Тиранска платформа.

За збор се пријавени уште 40-тина пратеници, повеќето од ВМРО-ДПМНЕ, кои дополнително се јавуваат и за реплики. Од СДСМ велат дека нема да учествуваат во ваквата парламентарна пародија.

Соња Николовска

Веста е прочитана 1933 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.