Секое второ дете помало од три години има слаб имунитет

17 February, 2017 - 16:09

Секое второ дете помало од три години има проблеми со имунитетот. Доказ за тоа се честите настинки и инфекции,  а главни ризик фактори  за слабиот имунитет се исхраната и генетските предиспозииции. Во последно време се зголемува и улогата на доењето, бидејќи мајчиното млеко се`почето се менува со вештачко.

Загрижува и тоа што во последно врме родителите посегнуваат по хомеопатски лекови  за да го подобрат имунитетот кај нивните деца. Лекарите советуваат да престане оваа пракса, бидејќи ваквите алтернативни методи можат дури и да им наштетат на децата.

Проблемите со имунитетот во раната возраст, болницата Кззле отсега ќе ги дијагнозтицира со целосно автоматизиран апарат. На овој начин вели Зафировски грешките во анализите ќе се сведат на минимум.

 

Весна Дојчиновска 

 

 

Веста е прочитана 1046 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.