Вести Македонија

Се санираат штетите од вчерашното невреме во Македонија

Четириесет пати заѕвонел телефонот на Центарот за управување со кризи вчера по невремeто со обилни врнежи од дожд, град, силен ветер и грмотевици што ја зафатија Македонија. Во скопскиот регион најзафатени беа Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром и Студеничани каде граѓаните имаа поголеми штети на домовите.

-Во Скопје имаше голем број откорнати дрвја, паднати бандери, скинати жици и некои делови од кровови беа паднати, но ние сме особено задоволни што немаше повредени граѓани. Засега немаме ниту една пријава за повреда на граѓаните, вели Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи.

Краткото невреме искрши дрвја и урна бандери. Невремето оштети и автомобили. Една од фотографиите е оваа, која стигна до нашата редакција.

Освен Скопје невремето зафати и градови на северо-истокот од земјата. Штетата е иста, паднати дрвја и откорнати бандери.

-Покрај Скопје невремето Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Пробиштиб, Карбинци и Струмица, но генерално штетите се слични. Проблем е што на некои места паѓаше град кој предизвика штета врз земјоделските површини, додаде Ангелов.

Во моментов голем дел од штетите се санирани. Според метеролозите, до среда се очекуваат високи температури и многу висок УВ индекс. А од четврток се најавува северен ветер и пад на температурите за околу десет степени.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Напад врз три возрасни жени во Вастерас – шведската полиција го застрела напаѓачот

Дејан Дејан

Нема жртви, ниту е направена штета – иранскиот шеф на дипломатијата по денешниот напад со дронови врз Исхафан

Дејан Дејан

Забрането е името на ,,Пабло Ескобар” да се користи како трговска марка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе