Се одмрзна Комисијата за Буџет, ВМРО-ДПМНЕ не е присутна

5 December, 2017 - 15:52

Со одмрзна Комисијата за финансирање и буџет. Власта го презеде претседавањето и од денеска нејзината работа ќе ја води пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски од СДСМ. Ова следува откако претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, 6 дена по ред ги закажуваше и потоа ги одложуваше седниците, а иако тоа јавно не го кажа, се верува дека причина е револтот заради приведувањето, а потоа и одземањето на имунитетот на шестмина пратеници од опозициската партија. Поради ова претседателот на Собранието Талат Џафери, согласно Деловникот, го овласти Ковачевски да претседава со Комисијата.

„Ова беше неизбежен чин, ние како владејачко мнозинство сме должни да го запазиме усвојувањето на најважниот документ во државата“, рече Ковачевски.

Празните столчиња на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не дојдоа на расправата, не ги поколебаа нивните колеги од СДСМ, ДУИ, ДПА и Беса, да присуствуваат на продолжението на досега паузираната седница за државната каса за 2018 година. Сепак, сите жалеа по опозициските критики.

На расправата за ребалансот колегите од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека буџетот за 2017 не е голем, добро ќе беше сега да гу вкрстиме ставовите, рече пратеникот Иванов од СДСМ.

„Ќе беше добро да ги спротивставиме нашите гледишта, за ребалансот го браневте буџетот што е голем, сега да кажевте што мислите за овој голем буџет“, рече Иванов.

„Апелираме до колегите од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат и да се вклучат во опваа значајна дебата, да ги бранат нивмните околу 200 амандмани и ако донесе таква одлука, претседателката Кузмановска може да дојде и да претседава, да дојде да направиме дебата како што личи“, рече Митрески.

Но, Кузмановска ја немаше ни во Собранието, ниту одговараше на својот мобилен телефон, за да објасни зошто со денови ја одложува расправата.

Дали е ова вовед во бојкот на опозициската на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието, од СДСМ се внимателнио во квалификациите.

„Ова е нова ситуација по одземањето на имунитетите, ќе почекаме да видиме дали ќе се вклучат во расправата“, рече Ковачевски.

Пратениците од власта ја искористија приликата да го пофалат буџетот, дека тој е развоен, реформски и ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, а ќе обезбеди и финансиска консолидација.

Комисијата за буџет досега одржа една седница, минатиот понеделник, а вкупно може да заседава 10 дена, и за општа, и за амандманска расправа, на која треба да се разгледаат 279 амандмани.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1593 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.