СДСМ: Граѓаните избраа промени на власта

11 January, 2017 - 11:29

Извршниот одбор на СДСМ на состанок, одржан синоќа уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на изборите, на коишто мнозинството граѓани на Македонија избраа промени на власта.

Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас.

Ставот на извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие влада којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми. Потребно е независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните.

Сето ова е содржано, велат од СДСМ, во извештаите на Прибе. Сите партии коишто имаат освоено пратеници во парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, стои во заклучоците од извршниот одбор на СДСМ.

 

Веста е прочитана 676 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.