СБ ја намали прогнозата за економски раст

11 January, 2017 - 18:31

Светска банка ја намали прогнозата за економски раст за оваа година. Во јануарскиот извештај за перспективите на Глобалната економија пишува дека Македонската економија годинава ќе расте со 3,3 % што е за 0,7 % помалку од очекувањата кои Светска банка ги имаше во јуни минатата година. Во 2018 година економијата ќе бележи раст од 3,7 % а во 2019 со 4 % .

Светска Банка ја намали прогнозата и за 2016 која се очекува да заврши со раст од 2 % наместо првично очекуваните 3,7% .

Во најновиот извештај Светска Банка ја намали и прогнозата за растот на светската економија, од 2,8 на 2,7% колку што се прогнозираше пред шест месеци но ја задржа прогнозата за растот на американската економија. Светска банка очекува Русија и Бразил да излезат од рецесија пред се заради повисоките цени на нафтата, а Кина ќе остварува пониски стапки на раст.

Веста е прочитана 413 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.