Ребаланс за поплавените, но и за друго

21 August, 2016 - 16:09

Наместо дефициот да се намалува, владата со својата економска политика минусот во државната каса постојано го зголемува.

Под закрилата, обештетување на поплавените, власта со ребалансот чепка во депозитите,па наместо да крати од непродуктивните трошоци,предвреме сака да ги искористи средствата од еврообврзницата вели економистот Благица Петрески,.

-Овој дефицит ќе се финансира од депозитните сметки на владата кои беа надополнети со ЕО.Значи дека средствата од сметките планирани за оваа и следната година делумно ке се искористат за поплавените.Со првиот ребаланс владата планираше да се задолжи со 44 милијарди денари, дел наменети за депозити,но ЕО беше помала, па наместо средстават да се зголемат,депозитите ќе се искористат во износ од 4 милијарди денари, вели Благица Петрески од “Finance think”.

По најавите за нов ребаланс на буџетот, економистите апелираат средствата рационално да се користат.

Зголемувањето на дефицитот покажува колку е кревка македонската економија и затоа не треба да се задолжуваме за тековни трошоци

-Со политичката криза,и неизвесноста не покажавме знаци на брзо закрепнување.Затоа апел да сме рационални во трошењата и дефицитите.Оваа ситуација е нова, а ребалансот беше очекуван заради слабата економија и неможноста да ги финансираме расходите.Кога економијата е слаба,ветувањата дадени во време на посилна економија треба да ги одложиме, додава Петрески.

Опозициската СДСМ смета дека пари за обештетување на поплавените можат да се обезбедат без да се прави ребаланс на буџетот

- Средствата за Рајската градина и за Панорамското тркало во износ од 33 милиони евра, заедно со 20-те милиони евра од четвртата еврообврзница, планирани за бегалската криза, кои не се потрошени, се сумата од најмалку 53 милиони евра која може да се обезбеди без никакви дополнителни задолжувања  за помош на настраданите во скопскиот и тетовскиот регион. Македонија нема веќе простор за нови задолжувања, а намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на Агенцијата ФИЧ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и огромните корупциски скандали, оценува СДСМ.

Иако проценките на штетите од поплавите не се завршени,владата со предлог измените на буџетот бара 36,4 милиони евра за обештетување на поплавените.

Дефицитот  ќе се зголеми на 4 % од БДП,приходите ќе останат на истото ниво а ќе се зголемат трошењата на владата.

И со овој ребаланс повторно се кратат  капиталните расходи и тоа за 3,3 мил евра додека ставката за плати се зголемува за повеке од 200 000 евра.

 

Виолета З Стојановска 

Веста е прочитана 512 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.