Разорен земјотрес во Иран, повеќе од 200 мртви

13 November, 2017 - 09:00

Најмалку 200 луѓе загинаа, а над 1.700-тини се повредени при силен земјотрес од над седум степени според Рихтеровата скала, што синоќа го погоди реонот во северниот дел на ирачко-иранската граница.

Најтешко погодени се иранските провинции Керманшах и Илам во западниот дел од Иран. Голем број куќи и згради се уништени, како и болниците, па повредените мораат да патуваат во соседните градови. По главниот, регистрирани се 50 последователни потреси.

Ирачките медиуми, јавија дека поради потресот голем број жители на северните и источните реони на Ирак во паника ги напуштале своите домови.  

Земјотресот бил почувствуван и во југоисточната турска провинција Дијарбекир, како и во неколку други држави на Блискиот Исток, вклучително и во Кувајт и Израел.

Веста е прочитана 437 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.