Рахој во посета на Каталонија

12 November, 2017 - 13:39

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска планира да ја посети Каталонија за прв пат од воведувањето на директната власт на Мадрид над регионот.

Рахој ги свика регионалните избори за 21 декември и ќе присуствува на предизборен митинг во кој се надева дека ќе ги убеди гласачите Каталонија да остане во рамките на Шпанија.

Уставниот суд на Шпанија пресуди дека референдумот одржан на 1 октомври е нелегален.

Пратениците од каталонскиот регионален парламент со големо мнозинство изгласаа независност на Каталонија на а 27 октомври, откако опцијата за отцепување од Шпанија победи на забранетиот референдум одржан на 1 октомври.

Веста е прочитана 425 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.