Путин и Ердоган разговарале повеќе од четири часа

14 November, 2017 - 10:26

Соработката меѓу Русија и Турција дава конкретни резултати во Сирија и создава услови за почнување дијалог, изјави рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, кој тареше повеќе од четири часа.

Русија ќе продолжи да соработува со Турција со цел да помогне во решавање на сириската криза, истакна Путин на заедничката прес-конференција за новинари со Ердоган. Најпрвин разговорите се одвивале во нешто поширока форма по што двајцата претседатели се издвоиле и ги продолжиле разговорите. Путин нагласил дека нивото на насилство во Сирија е намалено и дека се стекнати услови за спроведување меѓународен дијалог. Путин исто така нагласи дека односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени.

Веста е прочитана 713 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.