Пукотници на аеродромот Орли во Париз, еден убиен

18 March, 2017 - 16:14

Еден човек е убиен утринава на аеродромот „Орли“ во Париз, откако се обидел да му го одземе оружјето на еден војник. Според последните информации, напаѓачот е 39-годишен радикализиран муслиман, кој бил следен од тајните служби на  Франција. Утринава тој дејствувал сам, се фрлил кон воената патрола и се обидел да му го одземе оружјето на еден од војниците, по што се засолнил во една продавнициа на аеродромот, пред да биде застрелан. По деталните проверки, потврдено е дека напаѓачот не носел експлозивна направа. Нема повредени во нападот, а веднаш по пукотниците на еден од терминалите, три илјади патници од аеродромот се евакуирани. Летовите од двата терминали се откажани и дел од нив се префрлени на главниот париски аеродром Шарл Де Гол. 

Веста е прочитана 992 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.