Прво Кока-Кола паркиралиште за велосипеди

15 May, 2017 - 10:20

На платото пред фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк беше промовирано првото Кока-Кола паркиралиште за велосипеди, донација за Градот Скопје од Пивара АД Скопје и од компанијата Кока Кола. 

Двете компании на Градот Скопје ќе му донираат 5 вакви паркиралишта кои ќе бидат поставени на различни локации, а се во облик на препознатливото шише на Кока-Кола. 

На секоја од локациите ќе биде поставен пар од Кока-Кола и Кока-Кола Зеро паркиралиште и на нив ќе може да се паркираат 24 велосипеди.

Веста е прочитана 3985 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.