Прв медал за македонскиот хемиски олимписки тим

16 July, 2017 - 16:06

Хемискиот олимписки тим се враќа од Тајланд со освоен бронзен медал, прв од ваков вид за Република Македонија. Добитник на медалот е Филип Трајковски од СУГС „РадеЈовчевскиКорчагин“, Скопје 

 Учесниците кои ја претставуваа Република Македонија се: – ФилипТрајковски од СУГС „РадеЈовчевскиКорчагин“, Скопје 

– Антонио Андоновски од СУГС „РадеЈовчевскиКорчагин“, Скопје

– Магдалена Златанова од ПСУ „ЈахјаКемал“, Струмица

– Едита Битиќи од ПСУ „ЈахјаКемал“, Скопје, 

заедно со претставниците од СХТМ, менторите: доцент д-р Миха Буклески и професор д-р Слоботка Алексовска, од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Инаку, Република Македонија учествува на овој натпревар од 2013 година, а СХТМ е предводник на тимот од 2015 година. Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија e професионално здружение кое сo секцијата за образование по хемија повеќе години организира натпревари по хемија за учениците од средните училишта од Република Македонија, со учество на околу 500 ученици годишно.

Веста е прочитана 527 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.