Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“

17 February, 2017 - 10:35

Денеска продолжува судскиот процес „Диво насеље“ за судирот на полицијата со вооружената група во Куманово во мај 2015.

Во тек е доказната постапка, на која ќе бидат сослушувани обвинетите како сведоци по предлог на одбраната. Од косовската група предходно најавија дека во нивните сведочења ќе бидат споменува полициски службеници, како и политички активни личности.

Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, изјави дека доколку од исказите на обвинетите произлезат и други имиња, одбраната ќе побара и тие да бидат повикани како сведоци.  Судењето подолг период беше затворено за јавноста бидејќи искази даваа заштитени сведоци.

Во мај 2015 година во судир меѓу полицијата и вооружена група загинаа осуммина македонски полицајци и десетмина припадници на вооружената група. За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица.

Веста е прочитана 1339 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.