Проблематичен и експресниот пат Прилеп - Градско

6 July, 2017 - 13:43

Се проблематизира и изградбата на експресниот пат Прилеп Градско. Министерот за транспорт Горан Сугаревски денеска обелодени дека и овој проект има проблеми со трасата како што тоа беше со автопатот Охрид Кичево и Миладиновце Штип.На вчерашната средба со претставници на шпанската компанија Костракшн рубао која ги врши градежните работи на овој патен правец, биле посочени и порблеми со наплатата на парите од страна на ЈП Државни патишта.

- На средбата со шпанскиот амабасадор и градежната компанија беа предочени проблеми и со проектот за експресниот пат и во наплатата на средствата.Ќе се прави целосна анализа по што ќе излезам со детали.Очигледно се работи за слични проблеми како со автопатот Кичево Охрид- рече Министерот Сугаревски

Новиот патен правец треба да биде долг 33, 5 километри и ќе чини 70 милиони евра.Изградбата беше најавена во јануари минатата година и таа треба да се врши во три фази од Фариш до дреновска Клисура,од Градско преку Росоман до клучката Кавдарци и од месноста Тројанци до влезот во Прилеп.На трасата треба да се изградат 15 мостови,вијадукти и два тунела.Експресниот пат треба да биде целосно изграден за 3-4 години, а проектот се финансира со заем од ЕБОР во износ од 305 милиони евра. 

 

В.З.С.

Веста е прочитана 3045 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.