Приведен скопски бизнисмен по барање на СЈО-се истражува кој нелегално објавувал бомби

15 August, 2017 - 22:31

Вечерва во полициска станица во Скопје е приведен скопски бизнисмен по барање на СЈО. Засега никој не соопштува дали приведувањето е во рамки на истрага за објавување на нелегално снимени разговори односно дел од необјавените „бомби“ на СДСМ.Извори од истрагата за Телма потврдија дека е приведен Љупчо Палевски-Палчо.

Од МВР потврдија дека едно лице е задржано без други детали за постапката.

-Вечерва Љ.П. е задржан во полициска станица по барање на СЈО. Се води предистражна постапка и не можеме да дадеме други информации, соопштија од МВР.

Од СЈО засега не одговараат на нашите повици за повеќе информации за случајот. Не откриваат ниту дали предистражната постапка е дел од истрагата по снимените разговори објавени на интернет преку каналот Јутјуб на кои се слушаат главно приватни разговори. Тие разговори беа објавени неколку месеци по објавувањето на последните бомби на СДСМ.

Од она што може да се дознае, полиција и службеници на Управата во МВР со налог вршеле претреси во повеќе објекти на Палевски, а претрес е извршен и во работилница во Момин Поток.

Палевски е поранешен претседател на скопскиот огранок на СДСМ во периодот до 2000-та година.

М.С.

Веста е прочитана 9753 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.