Презумцијата на невиност ги штити двајцата актуелни корумпирани функционери

13 November, 2017 - 15:47

Кои се двајцата функционери вмешани во корупција и дали има истрага за нив. Молчат и од обвинителството и од антикорупциската штитејќи ја нивната презумција на невиност. Од обвинителството одат до таму што не сакаат да кажат ни дали воопшто го истражуваат случајот кој го обелодени премиерот Зоран Заев. За него велат не сторил никакво кривично дело што обелоденил дека негови функционери се вмешани во корупција, ама јавноста за тоа не смее да знае ништо повеќе. Од антикорупциската комисија имаат отворени постапки, ама не кажуваат дали се за функционери, особено не откриваат дали се истите на кои мислеше и Заев во изјавата.

Пред две недели во говор на панел дискусијата од Самитот 2025, Заев рече дека двајца високи претставници на власта се под истрага за корупција. Не сакаше да ги каже нивните имиња освен што откри дека се назначени на почетокот на август. Информацијата ја добил по дојава од граѓани, порачувајќи дека законот мора да важи подеднакво за сите. 

Инаку на почетокот на август беа именувани 67 директори на институции. Додека сите молчат кои се осомничените, се јави само опозицијата која смета дека Заев уште еднаш покажал дека е нарачател на работата на обвинителството. 

Билјана Николовска

Веста е прочитана 2835 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.