Претставата „Европјани“ - слика на реалноста

23 April, 2017 - 16:44

Поделбата и раскараноста кај македонскиот народ поради политички причини и идеологии, синоќа беше реално отсликана преку театарската престава „Европјани“ од српскиот драмски писател Миролуб Недовиќ, премиерно одиграна во Центарот за култура Ило Антески Смок во Тетово.

Двата главни ликови, од кој едниот припаѓа на македонската политичка десница а другиот на левицата, глумат двајца пациенти кои поради големата омраза која постои меѓу нив, намерно се судруваат со возилата и на крај завршуваат во болничка соба. Но лошата здравствена состојба, не е причина да престане нивната нетрпеливост. И понатаму и двајцата се натпреваруваат кој е попаметен, помоќен и поголем патриот.

За двајцата пациенти се грижи медицинска сестра, која ги лекува, но се обидува и да ги помири. Преку нејзиниот лик, писателот Недовиќ ја прикажува улогата на Европјаните во безуспешните обиди на помирување на народите од Балканот. 

Режисер на преставата е Мирко Видоески, кој Европјани ја има адаптирано за македонските политички случувања. И тој се појавува во преставата во улога на американски дипломат, кој како што вели, делува со стапот а не со морковот.

Европјани утре на 24 април ќе се престави и пред скопската публика во Драмскиот Театар Скопје. 

Зоран Димовски

Веста е прочитана 3425 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.