Претседателот Трамп не исклучува воена интеревенција во Венецуела

12 August, 2017 - 14:21

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска започна војна на зборови со Венецуела велејќи дека не ја отфрла воената интервенција во оваа држава.  По ова министерот за одбрана на латиноамериканската нација Владимир Падрино го обвини Трамп за "лудост". Ескалацијата на размена на обвиненијата преку медиумите започна кога новинарите го прашаа Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-центар во Џерси, за Венецуела каде со месеци има немири и протести против претседателот  Николас Мадуро во кои доесга загинаа на 120 лица.Тензиите се зголемуваат додека Мадуро се обидува да ја консолидира својата моќ по неколкумесечните улични протести против неговото владеење. На 4 август беше инаугуриран новиот парламент кој треба да донесе нов устав со кој ќе и се дадат огромни овластувања на Социјалистичката партија на Мадуро.

Веста е прочитана 761 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.